ПСЖ ќе има голем адут за реваншот, се враќа играчот што одлично ја познава Барселона

Бразилецот Нејмар има шанси да игра за Пари Сен Жермен на реваншот против Барселона во Лигата на шампионите закажан за 10 март. Нејмар нема настап од 10 февруари, кога се повреди на дуелот со Каен во Францускиот куп, но како што објавија медиумите во Франција сега е блиску до камбек, можеби токму против својот поранешен клуб Барселона.

ПСЖ има огромна предност од 4:1 по убедливата игра на „Камп ноу“ и речиси веќе е четвртфиналист, па Нејмар би можел да има одредена минутажа на 10 март, на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Бразилецот сè уште го држи рекордот со најскапиот трансфер во историјата на фудбалската игра, кога во 2017 година ПСЖ ѝ плати на Барселона 222 милиони евра за Нејмар.

 

- Оглас -

Најнови вести