20.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Лоши вести за Барселона: Голманот Жоан Гарсија мора на операција

Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, ќе паузира меѓу четири и шест седмици, а ќе мора и да замине на операција. Ова е најновата вест од каталонскиот клуб, која воопшто не е пријатна за тренерот Ханси Флик.


Жоан Гарсија доживеа кинење на медијалниот менискус на левото колено.

Артроскопската операција е закажана за утре, а неговото отсуство ќе трае меѓу четири и шест недели.

Жоан Гарсија веднаш стана прв избор на Ханси Флик по трансферот од Еспањол, оставајќи ги зад себе Војчех Шчесни и Марк-Андре тер Штеген.

Во меѓувреме, претходно беше потврдено дека Бразилецот Рафиња ќе биде надвор од терените околу три недели поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести