29.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Лоши вести за Челзи, Делап ќе мора на подолга пауза

Напаѓачот на Челзи, Лијам Делап, ќе остане надвор од терените подолго од првично предвиденото поради повредата здобиена при победата над Фулам.

Првичната прогноза предвидуваше закрепнување во период од 6 до 8 недели, но според новите информации, тој ќе се врати на тренинзите дури во ноември и ќе биде на располагање непосредно пред интензивниот празничен циклус во Премиер лигата. Тоа го продолжува неговиот престој надвор од теренот на околу десет недели, иако операција нема да биде потребна.

Делап пристигна на „Стемфорд бриџ“ од Ипсвич за 35,5 милиони евра малку пред Светското клупско првенство и досега има девет настапи со еден гол и една асистенција. Поради неговата повреда, раководството на Челзи првично реши да го стопира трансферот на Николас Џексон во Баерн Минхен. Сепак, зделката беше реализирана, што го натера клубот предвреме да го врати Марк Гиу од позајмицата во Сандерленд.

- Оглас -

Најнови вести