Франција и Пари Сен Жермен добија лоши вести, Oсман Дембеле заработи мускулна повреда и отпадна од составот на Дидие Дешан за натпреварот за третото место во Лигата на нации против Германија. Според информациите на францускиот „Л’Екип“, офанзивецот ќе биде надвор од терените најмалку две до три недели.
Ова значи дека еден од главните кандидати за „Златната топка“ сигурно ќе го пропушти стартот на Светското клупско првенство во САД.
Дембеле нема да биде во конкуренција за првиот меч на ПСЖ против Атлетико Мадрид на 15 јуни во Лос Анџелес, а неговото евентуално учество против Ботафого исто така е под знак прашалник.
Проблемите со повреди не застануваат тука за селекторот на Франција и за ПСЖ. Младиот Бредли Баркола, исто така фудбалер на ПСЖ, отпадна поради повреда на коленото, иако неговата ситуација не е толку сериозна. Повреден е и дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Клеман Ленгле, кој исто така нема да настапи против Германија.