Лоши вести за германскиот првак, важен адут ќе го пропушти стартот на сезоната

Леон Горецка, играчот за врска на Баерн Минхен, ќе го пропушти стартот на новата сезона откако денеска успешно му беше извршена операција на коленото. Лекарите му предвидуваат шест до осум недели пауза, односно време за рехабилитирање.

Германскиот репрезентативец воедно ќе ги пропушти и подготовките. Наместо да отпатува за САД, Горецка остана во Минхен и нема да биде во составот за контролките против ДЦ јунајтед и Манчестер сити.

Со сигурност ќе биде надвор од конкуренција за воведното коло во Бундеслигата, кое Баерн на 5 август го отвора со гостување кај Ајнтрахт Франкфурт. Тренерот Нагелсман така остана со само три опции во средниот ред, Сабицер, Кимих и новиот играч Гравенберх.

- Оглас -

Најнови вести