36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Лоши вести за Граѓаните, Халанд се повреди на тренинг на својата репрезентација

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, доживеа повреда на еден од тренинзите на норвешката репрезентација. Халанд го повреди глуждот и според првичните прогнози, тој сигурно нема да настапи за својата репрезентација на дуелите против Чешка и Словачка.

Првите прегледи не покажаа дека повредата е посериозна, но во Манчестер со неизвесност ги чекаат деталните прегледи.

Доколку напаѓачот мора да паузира подолг период, тоа ќе биде голем удар за Манчестер сити, кој со Ливерпул и Арсенал до крајот на сезоната ќе води мртва трка за титулата во Премиер лигата, а во четвртфиналето во Лигата на шампионите го очекува двомеч со Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести