23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Лоши вести за Реал: Белингам мора на операција, го очекува долга пауза

Реал Мадрид со убедливи 4-0 беше елиминиран во полуфиналето на Светското клупско првенство, но сега нови лоши вести пристигнаа за Кралевите. Џуд Белингам ќе мора да оди на операција на рамото, а тоа ќе значи и долга пауза за него.

Англискиот репрезентативец веќе подолг период има проблеми со рамото, па се чекаше Реал да го заврши настапот на клупскиот Мундијал, па потоа да биде подложен на хируршки зафат.

Тоа би значело дека Белингам ќе ги пропушти комплетните подготовки на Кралевите, но и првите три месеци од новата сезона во Ла Лига и Лигата на шампионите. Враќањето на фудбалските терени на Англичанецот се очекува во ноември.

- Оглас -

Најнови вести