Четвртфиналниот дуел од Купот на Германија меѓу Вердер и второлигашот Регенсбург е одложен, објавија од германската фудбалска федерација. Според првичниот план, мечот требаше да се игра на 9 март, но фактот дека дури осум фудбалери на Регенсбург се позитивни на Коронавирусот е причина за промена на распоредот.
Целиот тим на Регенсбург заврши во двонеделен карантин, а тоа значи дека ќе бидат одложени и два меча од Втората германска лига. Екипите на Оснабрик и Гројтер Фурт требаше да бидат противници на Регенсбург во првенството, но сега ќе мора да се бараат нови термини и за тие дуели.