20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Лотар Матеус е голем оптимист: „Баерн Минхен може да ја освои Лигата на шампионите“

Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус, верува во квалитетот на Баерн Минхен, предводен од Хари Кејн и Винсан Компани. Матеус верува дека Баварците оваа сезона може да ја освојат дури и Лигата на шампионите.

„Доколку екипата остане здрава и комплетна, може да се бори за место во најдобрите четири во Европа и да ја освои Лигата на шампионите. Прашањето кој ќе биде шампион на Германија е јасно – тоа ќе биде Баерн Минхен“, вели Лотар Матеус.

Баварците ја отворија сезоната со трофеј откако го освоија германскиот Супер куп со победа од 1-2 над Штутгарт.

- Оглас -

Најнови вести