Репризата од финалето на последниот Мундијал засега оди во корист на Хрватите по голот на Дејан Ловрен во 17-тата минута. Искусниот дефанзивец на Зенит одлично се снајде во мешаницата пред голот на Љорис, па по реакцијата како врвен голгетер изгради простор за удар и ја затресе мрежата на светскиот првак.