Лозана се врати во Првата лига, Ѓорѓев и Грасхоперс сега ги вади само чудо

Лозана го прослави пласманот во Првата швајцарска лига со убедлива победа од 4:0 против градскиот ривал Лозана Оуши, а претпоследното коло во популарната Челенџ лига не им донесе многу радост на Никола Ѓорѓев и на неговиот Грасхоперс.

https://twitter.com/lausanne_sport/status/1288932631124627475?s=20

Популарните Скалулци од Цирих потфрлија и ремизираа 2:2 против Аарау на гостински терен и сега имаат само минимални шанси за пласман во Првата лига.

Пред стартот на последното коло, Грасхоперс има 61 бод на третата позиција, заостанува за три бода зад Вадуз и има малку полоша гол-разлика.

За да го освојат второто место зад шампионот во Втората лига, Лозана, ќе им треба победа против Винтертур во последното коло и пораз на Вадуз од Криенс, но и да имаат подобра гол-разлика од главниот ривал за второто место.

Моментно Вадуз има гол-разлика од 77:51, додека Грасхоперс со три бода помалку има и полоша гол-разлика од 69:46.

Второпласираниот тим ќе игра бараж за пласман во Првата лига со Тун или со Сион.

Вечерва Ѓорѓев не играше за Грасхоперс, кој е најтрофеен клуб во Швајцарија со рекордни 27 титули, пред Базел со 20. Лозана е на шестото место на вечната листа со 7 шампионски круни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести