ЛШ ќе има нов освојувач: „Кралот“ е детронизиран, Интер се провлече во полуфиналето (Видео)

Лигата на шампионите и официјално ќе добие нов освојувач оваа сезона откако бранителот на трофејот, Реал Мадрид, е елиминиран во четвртфиналето од Арсенал, и тоа со два порази.

Топчиите имаа предност од 3-0 од првиот меч, а на „Сантијаго Бернабеу“ успеа и вторпат да го победат Реал Мадрид, сега со 1-2. Бакајо Сака не успеа да реализира пенал во 13-тата минута, односно Тибо Куртоа одбрани, но истиот фудбалер во 65-тата минута успеа да погоди за 0-1 и да ги згасне шансите на Кралскиот клуб за пласман во полуфиналето.

Малку надеж за домашните донесе Винисиус во 67-мата минута откако ја искористи катастрофалната грешка на гостинската одбрана, но тоа беше сè што направи бранителот на трофејот на овој меч.

Конечните 1-2 ги постави Габриел Мартинели во 93-тата минута.

Последниот полуфиналист е Интер, кој по победата од 1-2 на гостински терен против Баерн Минхен, во реваншот одигра нерешено, 2-2, против Баварците.

Хари Кејн во 52-рата минута го донесе Баерн Минхен во водство од 0-1 и најави драма, но домашните брзо се созедоа и направија комплетен пресврт со головите на Лаутаро Мартинес во 58-мата и на Бенџамин Павар во 61-вата минута.

Конечните 2-2 ги постави Ерик Даер во 76-тата минута. Баерн Минхен постојано притискаше, но Интер успеа да се одбрани и да ја сочува предноста која ја имаше во првиот меч.

Со тоа и официјално се познати двојките за полуфиналето. Барселона игра против Интер, додека Арсенал се среќава со ПСЖ. Првите натпревари се играат во Барселона и Каталонија на шести и седми мај.

- Оглас -

Најнови вести