Љубомир Савевски веќе не е селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија

Ракометната Федерација на Македонија информираше дека со Љубомир Савевски денеска взаемно се спогодиле да ја прекинат соработката околу ангажманот на Савевски во женските македонски ракометни категории.

Савевски ја извршуваше наведената функција во периодот јуни 2021 – мај 2023 година, а како селектор на А тимот првиот тим му беше во октомври 2021 и имаше биланс (на пријателски и официјални средби) од две победи (двете против Алжир, по еднаш на Медитерански игри и пријателски меч) и 21 пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести