Љубовникот на Карлеуша „пречкртан“ од Андерлехт

Огњен Врањеш веќе неколку недели е во центарот на вниманието, но не по своите игри на теренот, туку поради аферата која излезе со познатата српска пејачка Јелена Карлеуша. Српскиот репрезентативец Душко Тошиќ, кој е сопруг на Карлеуша, ја открил аферата која траела подолго време.

По дознавањето на врската меѓу Карлеуша и Врањеш, двајцата најзасегнати започнаа меѓусебна „војна на зборови“. Најпрво Карлешуа велеше дека тој е психопат и некој нејзин фан, а потоа Врањеш објави фотографија како тие заедно се шетаат низ Атина во времето кога играше за АЕК.

Откако ситуацијата отиде предалеку, Карлеуша се закани дека ќе направи Врањеш веќе да не може да заигра никаде и дека ќе му ја уништи кариерата. Само неколку дена по тие закани, денеска дојде потврда дека Врањеш е на пат да добие „шут карта“ од Андерлехт.

Челниците на белгискиот тим објаснија дека има три причини поради кои Врањеш е прекомандуван во младинскиот тим.

„Точно е дека Врањеш е прекомандуван во тимот Б и ќе мора да тренира со младинците“, рече портпаролот на Андерлехт, Мари Вербек.

Во образложението на оваа одлука стои дека тоа е поради „фашистичката тетоважа“ (го има тетовирано ликот на еден од четничките лидери Момчило Ѓујиќ), потоа поради „поддршката која ја дава на хулиганите на неговиот поранешен клуб АЕК“ и поради „вознемирување и обвинувања на сметка на негов поранешен соиграч“.

Врањеш во Андерлехт дојде пред почетокот на сезоната, кога белгискиот тим за него му плати 3,2 милиони евра на АЕК и потпиша договор до 2022 година. Сепак, тешко веројатно е дека Врањеш ќе го одработи договорот со Андерлехт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести