Мирчеа Луческу, кој во последните десетина години се прослави како тренер кој во Шахтар Донецк работеше со многу Бразилци кои беа непознати, а сега се ѕвезди во Европа, доби примамлива понуда да работи во клубот Сантос.
Сантос пред неколку дена се раздели со тренерот Хорхе Сампаоли и сега бара квалитетна замена. Прв пик им е Романецот, но тој мисли дека големата далечина од Бразил до неговата родна Романија може да биде пречка за реализација на трансферот.
„Имам сериозна и конкретна понуда, но не сум донел одлука. По Нова година ќе решам дали ќе прифатам. Бразил е многу далеку од кај мене дома. Жена ми нема да биде среќна. Имам и други интересни понуди“, вели 74-годишниот Луческу, кој нема клуб.