„Луд“ меч во Јута: Шампионот победи со поени на 0,3 секунди до крајот (Видео)

Јута џез во последните неколку меча секогаш се покажувал како тежок противник на Голден Стејт. „Џезерите“ славеа на последните три меча и утрово на свој терен играа против шампионот. „Воините“ беа свесни дека ги очекува многу тежок меч. На крајот така и беше. Дуелот беше решен буквално во последната секунда, односно на 0,3 десетинки до крајот.

Јута имаше предност од 123:122, а одговорноста кај шампионот во последнито напад ја превзема Кевин Дјурант. Играчот кој имаше 38 поени, шутираше за два поени, но промаши на две секунди до крајот. Сепак, наместо дефанзивен скок на Јута, највисок беше Јеребко кој само ја пипна топката и ја врати во кошот. На 0,3 секунди до крајот Голден Стејт поведе, а на Јута и остана уште еден последен шут. Мичел биеше за тројка, но промаши, па гостите се радуваа.

Кај победничкиот тим, покрај Дјурант кој имаше 38 поени, 9 скока и 7 асистенции, одличен беше и Стеф Кари со 31 поени. Јута на овој меч „нападна“ со најсилното оружје на Голден Стејт, но не победи. „Џезерите“ дадоа 19 тројки од 46 обиди, а неверојата беше втората четвртина кога погодија 10 удари од далечина. Инглс со 27 поени и Мичел со 19 беа најефикасни кај Јута.

Во останатите мечеви: Орландо – Шарлот 88:120, Бруклин – Њујорк 107:105, Мемфис – Атланта 131:117, Минесота – Кливленд 131:123, Њу Орлеанс – Сакраменто 149:129, Торонто – Бостон 113:101, Милвоки – Индијана 118:101, ЛА Клиперс – Оклахома 108:92.

 

- Оглас -

Најнови вести