Луд навивач го искрши телевизорот поради тоа што Жоржињо не ја освои Златната топка (ВИДЕО)

Вчерашната церемонија за доделување на Златната топка предизвика многу полемики откако Лионел Меси по седми пат го доби ова признание.

Фудбалерот на ПСЖ го победи Роберт Левандовски, иако многумина сметаа дека играчот на Баерн Минхен треба да ја освои оваа награда.

На третото место заврши италијанскиот репрезентативец Жоржињо, кој со Челзи и италијанската репрезентација ги освои Лигата на шампионите и Европското првенство.

Сепак, тој заостана бајаги зад овој двоец, а интересна беше реакцијата на еден негов лут фан.

Навивачот откако виде дека Жоржињо е на третото место на „Франс фудбал“, едноставно полуде и го скрши телевизорот.

- Оглас -

Најнови вести