Луда одбрана со шпага на Тер Штеген, Барса е среќна што има ваков голман (Видео)

Барселона, без Лионел Меси во составот, го совлада Елче со 2-0, но Каталонците имаа среќа во 58-мата минута што противникот не изедначи. Всушност, и не е само среќа, туку генијалност на голманот Марк-Андре тер Штеген.

По грешка на одбраната на Барса, Емилијано Ригони се најде очи во очи со Германецот, играчот на Елче шутна на страна, но Тер Штеген направи луда одбрана со нога. Вакви шпаги се карактеристични за хокеарски голмани. Којзнае како би завршил мечот ако Елче изедначеше на 1-1, но Тер Штеген спречи такво сценарио и неговата мрежа остана нечепната.

Погледнете ја една од најдобрите одбрани сезонава:

https://www.youtube.com/watch?v=jKXJtRWCDww

- Оглас -

Најнови вести