Барселона победи, остана дилемата дали првиот погодок е автогол или стрелец е Де Јонг (Видео)

Барселона со 2-0 славеше на гостувањето кај Елче, а првиот гол предизвика доста коментари, со оглед на тоа што не се гледа најјасно дали станува збор за автогол или погодок на Френки Де Јонг. Холанѓанецот освен што ја заби топката во мрежата за 1-0, асистираше во 89-та минута за 2-0 при дебитантскиот гол на Рики Пуџ.

Елче е еден од омилените противници на Барселона. Каталонците уште од далечната 1978 година не примиле гол против Елче, а не загубиле меч од нив од 1974 наваму.

https://www.youtube.com/watch?v=1Ld9LmtwyDk

- Оглас -

Најнови вести