Луда случка во Шкотска, резервен голман мораше да влезе да игра и даде голчиште од 30 метри (Видео)

На натпреварот помеѓу Реит и Арброут од шкотскиот Чемпионшип, беше постигнат феноменален гол кој долго ќе се памети поради несекојдневниот сплет на околности.

Стрелец на голчиштето беше резервниот голман на гостите, 32-годишниот Али Адамс. Тој влезе во игра и тоа не на местото на првиот голман, туку наместо соиграч од теренот. Клупата на Арброут беше тенка со само четири резерви, а беа направени три замени, па кога се повреди играч, на негово место мораше да влезе голманот Адамс и тоа при 2-0 за Реит.

Адамс даде бомбастичен гол со шут од далечина за 1-2, а пет минути подоцна неговиот тим од пенал и израмни на 2-2, што беше и конечен резултат.

Погледнете каков гол даде голманот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести