3.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Луда сцена, фудбалер му спасуваше живот на галеб кој беше погоден со топка (Видео)

На фудбалските натпревари се гледаат разни чудни ситуации, а една таква имаше на аматерски меч во Истанбул, Турција. На социјалните мрежи се појави видео во кое фудбалер успева да спаси живот на галеб.

Голманот ја шутна топката и таа удри во несреќниот галеб кој беше нокаутиран и падна на теренот. Еден од фудбалерите реагираше инстинктивно и почна да извршува постапка со масажа на срцето што му го спаси животот на галебот. Според турските медиуми, галебот бил прегледан и утврдено е дека има повреда на крилото и нема да може да лета некое време, но барем е жив. 

Навистина сцена што ретко се гледа на стадионите:

- Оглас -

Најнови вести