Луда тројка им донесе победа на српските баскеташи (Видео)

Србите триумфираа со 21-19 над Холандија во баскет 3х3 на олимпискиот турнир во Париз.

После победата на САД на стартот, Србите во второто коло загубија од Кина, а сега им се вратија на победите и тоа на среќен начин. Вечер, Србија игра против Франција.

Јунак на средбата беше Немања Стојачиќ кој во последниот напад погоди неверојатен кош за два поени.

„Против САД одигравме перфектно, а потоа се случи тој шамар од Кина. Тоа беше шлаканица за враќање во реалноста. Се сеќаваме што се случуваше на последните Игри кога ги добивме систее средби во групата, а потоа за жал го загубивме полуфиналето. Не требаше вака да биде последниот напад. Договорот беше поинаков, но топката ми остана во раце. Имав среќа“, изјави Стојачиќ.

- Оглас -

Најнови вести