Луда варијанта – Ќе плати ли Челзи богатство за Халанд да не побегне во Реал Мадрид?

Луда варијанта, што сепак е реална, постои за трансфер на Ерлинг Халанд во Челзи уште ова лето, а ако европскиот првак ја плати сумата што ја бара Бoрусија Дортмунд, тогаш ќе биде израмнет вториот најскап трансфер на сите времиња.

Челзи сака да го купи Халанд, иако тоа би го чинело цели 180 милиони евра, плус провизии за таткото на Халанд и за Мино Рајола, кои го застапуваат Норвежанецот.

Тоа би чинело дополнителни 30 милиони евра што би ги поделиле Челзи и Борусија. Сините од Лондон се подготвени да ги платат парите уште ова лето бидејќи стравуваат дека идната година Халанд би заминал за Реал Мадрид.

Според договорот што го има норвешкиот репрезентативец со Борусија Дортмунд, Халанд идното лето би можело да замине за многу помала отштета од 75 милиони евра, а желбата му е да игра за Реал Мадрид.

Челзи сака со ангажманот на извонредниот напаѓач да има уште посилен и млад тим што ќе биде конкурентен во битката за титулата во Премиер лигата, но и за одбрана на трофејот во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести