„Лудакот“ Бјелса ќе го води Лидс и во претстојната сезона

Марсело Бјелса ќе го води тимот на Лидс и во претстојната сезона 2021/22 откако клубот ја потврди обновата на соработката во должина на една година.

„Лудакот“ како што го нарекуваат, ја презеде клупата на култиот англиски клуб во пресрет на сезоната 2018/19 и потполно го трансформираше тимот. Бјелса помогна за Лидс да се врати во Премиер лигата по 16 години пауза во само втората негова сезона како предводник на екипата, за која до неодамна настапуваше и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Во вкупно 140 натпревари како менаџер на Лидс, Бјелса бележи учинок од 52,8% победи, а в сабота го чека тешко гостување кај Манчестер јунајтед во премиерното коло од новата сезона во најетлитното англиско првенство.

https://twitter.com/LUFC/status/1425853468183601159

- Оглас -

Најнови вести