Поранешниот тренер на Лидс, Марсело Бјелса (67), најверојатно се враќа во Премиер лигата. Тој денеска е снимен на аеродромот „Хитроу“ во Лондон и по слетувањето во Англија, веднаш замина на разговори со Евертон.
Евертон, кој се бори за опстанок во елитното друштво и нема победа уште од 22-ри октомври, во понеделникот го отпушти Франк Лампард и е во интензивна потрага по нов менаџер.
Аргентинецот со прекар „Локо“ (Лудак) е фаворит за добивање на функцијата, тоа што долета од толку далеку, веројатно најавува дека има намера да се договори со Карамелите.