Лудило меѓу навивачите: Вакво славење не се гледа секој ден (Видео)

Екипата на Нант се пласира во финалето на Францускиот куп откако синоќа минимално со 1:0 го победи Олимпик Лион. Лудовик Блас беше херојот на домаќините откако во 57-мата минута постигна прекрасен погодок, вреден финале за Нант.

Со оваа победа Нант е во можност да го брани трофејот освоен минатата година. По завршување на дуелот со Лион, навивачите на Нант не можеа да се воздржат и да останат на трибините, па веднаш по последниот судиски свиреж голем дел од фановите втрчаа на теренот да се радуваат со своите миленици.

https://twitter.com/i/status/1643723318220976130

Во финалето, Нант ќе го чека подобриот од денешниот дуел меѓу второлигашот Анси и Тулуз, кој иако игра на гости, е во улога на фаворит против ривалот кој игра во една лига понизок ранг.

 

- Оглас -

Најнови вести