Репрезентацијата на Унгарија славеше минимално со 1:0 над Шкотска во меч од последното трето коло во А групата на ЕП. Унгарците имаа повеќе шутеви кон противничкиот гол, но резултатот беше 0:0.
Судијата покажа дека ќе се играат дополнителни 10 минути, а буквално во последните секунди, односно во 100 минута, Унгарија прво се одбрани, а потоа направи фантастична контра и на крајот даде гол за победа.
Чобот е херојот на Унгарија, а тоа е и негов прв погодок во дресот на националната репрезентација. Со оваа победа, Унгарија заврши со три бода во групата и сега ќе го чека расплетот од останатите групи за да знаат дали ќе продолжат во осминафиналето на ЕП.