Екипата на ПАОК е новиот првак во Грција. Клубот од Солун цели 34 години чекаше да се израдува на шампионскиот трофеј, а денеска тоа му стана реалност. На легендарниот стадион „Тумба“, ПАОК убедливо со 4-0 го победи Левадијакос и има недостижна предност пред Олимпијакос.
Уште по првите осум минути домаќините стигнаа до водство од 2-0, а потоа утнаа и пенал во првото полувреме. Во вториот дел, ПАОК само ја потврди доминацијата за победа од 5-0.