18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Лудило во Трабзон, пристигна Андре Онана (Фото)

Трансферот на камерунскиот голман Андре Онана конечно е официјализиран. Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед денес пристигна во Турција со специјален чартер-лет, а во авионот позираше со дресот на својот нов клуб, Трабзонспор.

Станува збор за позајмица до крајот на сезоната, а Онана го фати „последниот воз“ со оглед дека преодниот рок во Турција сè уште е активен, за разлика од останатите европски лиги каде што пазарот е веќе затворен.

Онана ја почна сезоната со ограничена улога во тимот на Црвените ѓаволи. Единствениот негов настап беше во Лига Купот против Гримсби, меч што заврши со пораз за Јунајтед, по што целосно испадна од комбинација кај Рубен Аморим. Оваа ситуација ја забрза одлуката клубот да му овозможи трансфер каде што ќе добие редовна минутажа.

28-годишниот репрезентативец на Камерун пред неколку дена беше дел од националниот состав во квалификациите за Мундијалот, а веднаш потоа директно од Африка замина за Турција за да ги финализира сите детали со Трабзонспор.

Од редовите на турскиот клуб очекуваат Онана со своето богато искуство во европскиот фудбал значително да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција и да биде важен фактор во борбата за трофеи и настапи на европската сцена.

- Оглас -

Најнови вести