Лудило: Дојдоа 40.000 „запалени“ Аргентинци, се гасea со црево, па мечот се прекина поради потоп на теренот (Видео+Фото)

Атмосфера како што само може да се замисли има на финалето на Судамерикана Купот. Дуелот меѓу аргентински Колон Санта Фе и Индепендиенте од Еквадор се игра во Парагвај. Сепак, по тоа каква е атмосферата на стадионот, делува како да се игра на стадиоот на Колон во Санта Фе.

Неверојатна бројка од речиси 40.000 аргентински навивачи се пристигнати за финалето да навиваат за Колон. Повеќе од 180 автобуси пристигнаа од Аргентина, а многу други пристигнаа со авиони или со автомобили.

Атмосферата е фенменална, баш онаква како што знаат да направат само фановите во Јужна Америка.

Мечот започна, Индепендиенте поведе со 1:0, а потоа се случи големо невреме. Поројен дожд го потопи целиот терен, а судијата немаше опција па го прекина натпреварот. Засега прекинот трае повеќе од 40 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести