Лудница на „Бај Арена“ – 7 гола за едно полувреме

Неверојатен дуел се игра на „Бај Арената“ во Леверкузен, каде Баер на полувремето води со огромни 6-1 против Ајнтрахт Франкфурт. Седумте погодоци се постигнаа до 36-тата минута, а ова е еден од најефикасните натпревари сезонава во Бундеслигата.

Голеадата во мечот од 32-то коло во Бундеслигата започна од втората минута преку Хаверц, а Брандт во 13-тата минута донесе двојна преност за Леверкузен. Костиќ ги врати гостите во игра само една минута подоцна, но Баер продолжи со исто темпо и иста цел, да го повреди противникот.

Аларио за девет минути на двапати ја затресе мрежата на Трап, во листата стрелци се запиша и Арангиз, а за 6-1 Хинтербергер постигна авто-гол во 36-тата минута.

Инаку, овие две екипи се борат за четвртата позиција на табелата во Бундеслигата, а со моменталниот резултат Баер и Ајнтрахт имаат ист број на бодови, по 54, но тимот од Франкфурт поради подобра гол-разлика е на четвртото место.

- Оглас -

Најнови вести