Екипата на Рексам после 15 години успеа да обезбеди пласман во четвртата англиска лига, откако го совлада Борам Вуд со 3-1. Овој клуб од централен Велс, стана познат откако за сопственици ги доби холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Ром Мекелхени, кои со солзи во очите го следеа успехот на нивната екипа од трибините на Рејскорс Граунд.
https://twitter.com/btsportfootball/status/1649858947493289987?s=20
Победата над Борам Вуд лудо ја прославија и навивачите на Рексам кои веднаш после последниот свиреж на судијата влетаа во теренот и заедно со фудбалерите го прославија успехот на својот клуб.