Лудница во Билбао: Атлетик ја елиминираше Барселона (Видео)

Атлетик Билбао се пласираше во четвртфиналето на Купот на Шпанија, откако во драматичен меч со 3:2 ја победи Барселона во меч кој траеше 120 минути. Ова беше дуел на двата најтрофејни клуба во Купот, а на крајот се радуваа Баскијците.

Домаќините уште по само 100 секунди од почетокот на мечот стигнаа до водство, благодарение на фантастичниот погодок на Муниаин, кој може да го погледнете ТУКА.

Барселона брзо се врати во игра со првенецот на Феран Торес. И голгетерот на гостите даде одличен погодок за 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме немаше големи возбудувања до самиот финиш. Тогаш Мартинез со многу среќа успеа да ја внесе топката во голот на Барселона и да донесе предност од 2:1 за Атлетик.

Се чинеше дека тоа ќе биде победнички погодок за домаќините, но во 93 минута Педри израмни на 2:2 и мечот мораше да се решава во дополнителни 30 минути.

За да нема пенал-рулет, се погрижи судијата Монтеро кој досуди најстрога казна во корист на домаќините. Муниаин кој го отвори гол шоуто на овој меч, со пенал во 105 минута донесе водство од 3:2 за Атлетик и на крајот победа на тимот од Билбао и пласман во следната фаза од Купот на Шпанија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести