Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 3:3 во првиот меч од 16 коло на германската Бундеслига. Неверојатен беше расплетот на овој меч на кој во првото полувреме беше 1:1.
Во 68 минута Борусија поведе со 2:1, но домаќините не се предадоа. Напрво во 71 минута израмнија на 2:2, а потоа следуваше вистинско шоу во судиското надополнување. Со голот на Дауд во 90+2 минута Ајнтрахт поведе со 3:2 и се чинеше дека домаќините ќе ги освојат трите бода.
Сепак, во 90+5 минута Борусија стигна до 3:3 и освои бод на ова тешко гостување.

