Ердал Ракип влезе во игра во 22. минута за Малме против Халмштад и стана рекордер на новиот шампион на Шведска.
Македонскиот репрезентативец се радуваше на својот шестти трофеј со Малме, што е рекорд и негов во клубот, но и во шведскиот фудбал.
Малме во драматичен финиш на првенството стана првак по 22-ри пат, а со новата круна стаса со реми без голови против Халмштад.
Со ист број на бодови со АИК, Малме го претрка ривалот, благодарение на подобрата гол-разлика од 58:30, наспроти 45:25 на АИК.
Ракип ги освојуваше титулите со Малме во 2013, 2014, 2016, 2017, 2020 и 2021 година.
Erdal Rakip. 25 år. 6 SM-guld. pic.twitter.com/fJKPojGrxL
— Malmö FF (@Malmo_FF) December 4, 2021
По мечот настана вистинска лудница и инвазија на терен од трибините, а навивачите ја прославија 22-та шампинска круна на најтрофејниот шведски клуб.
https://twitter.com/VHMalmo/status/1467171398179250183?s=20