Лудо е во Барселона – 30.000 навивачи на Ајнтрахт се во Каталонија и сите се облечени во бело (ВИДЕО)

За неполн час, Барселона и Ајнтрахт Франкфурт ќе го одиграат реваншот-мечот од четврт-финалето во Лигата на Европа.

Германскиот тим има околу 30 илјади фанови коишто допатуваа во Каталонија за овој меч, а интересно е што на сите тие горниот дел од облеката им е бела.

Јасно е дека голем дел од нив нема да влезат на „Камп ноу“, но тоа не ги спречува да дојдат во овој прекрасен град и во некој од локалните пабови да уживаат во спектаклот.

Резултатот по првите 90 минути е 1:1.

- Оглас -

Најнови вести