Лудо ќе биде финалето во Европа Лигата – Инвазија од 150 илјади навивачи очекува Севилја

Лудо ќе биде финалето во Европа Лигата на „Роман Санчес Писхуан“ во Севилја, а утре се очекува вкупно околу 150 илјади навивачи на Глазгов ренџерс и на Ајнтрахт Франкфурт да бидат присутни во главниот град на Андалузија.

Капацитетот на стадионот е 42.700 места, а над трипати повеќе навивачи на двата клуба ќе има на во Севилја за мечот за титула што ќе почне од 21 часот.

Според градските власти на Севилја се очекува инвазија од 100 илјади симпатизери на Глазгов ренџерс и околу 50-на илјади на Ајнтрахт Франкфурт.

И двата клуба се познати по лојалните навивачи, па се очекува спектакл, а има и интересен план.

Во Севилја се планира околу 57 илјади навивачи на Ренџерс да ги смести на стадионот „Ла Картуха“ каде ќе можат со помош на видео-бимови да го следат финалето, а навивачите на Ајнтрахт кои ќе бидат без влезници ќе бидат сместени на главниот плоштад во Севилја.

УЕФА одреди дека на двата клуба финалисти им следуваат по 9.500 влезници.

И Глазгов ренџерс и Ајнтрахт имаат по еден пехар во европските купови и неколку финалиња.

Шкотскиот клуб го крена пехарот во Купот на победници на купови во сезоната 1971/72, а Ајнтрахт е победник на УЕФА купот во сезоната 1979/80, а играше и финале во КЕШ во сезоната 1959/60, но загуби од Реал Мадрид во мечот за највредниот трофеј во европските купови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести