Лудо, неверојатно, неповторливо: ветерот во 99-та минута од центар „постигна“ гол за победа (Видео)

Екипата на Чикаго фајр на неверојатен начин стигна до победа од 4-3 над Монтреал во меч од МЛС лигата. Не само затоа што направија сензационален пресврт со голови во  95-та и 99-та минута, туку бидејќи победничкиот гол беше со голема помош на  ветерот.

Келин Акоста од средината на теренот имаше намера да ја нафрли топката пред противничкиот гол, но ветерот имаше друг план. Дуваше толку силно, што топката доби неправилно движење, смени правец и тргна кон голот на Монтреал. Изненаден беше и голманот на канадскиот тим кој не успеа да ја скроти топката и таа заврши во неговата мрежа.

Погледнете го голот кој шокираше многумина:

- Оглас -

Најнови вести