Лионел Меси може да има и неславен крај на репрезентативната кариера во дресот на Аргентина. Според најавите, капитенот на Гаучосите може да добие суспензија од две години, поради обвинувањата упатени на адреса на КОНМЕБОЛ.
Меси ги критикуваше челниците на јужноамериканската конфедерација поради судењето во полуфиналето против Бразил, кога Аргентина не доби два пенали, а арбитарот воопшто не сакаше да побара помош од ВАР системот. Тогаш Меси рече дека Бразил морало да победи и да игра во финалето.
По тој револт во полуфиналето, Меси во мечот за трето место доби црвен картон, поради кошкањето со играчот на Чиле, Гари Медел. По завршување на дуелот за трето место, Лео не сакаше да го земе медалот наменет за третопласираните, а упати и нови критики кон челниците на КОНМЕБОЛ.
Сите овие постапки на Меси може да донесат до голема казна за играчот кој има пет „Златни топки“. Според правилникот на КОНМЕБОЛ, Меси може да биде суспентиран до две години неиграње за Аргентина, а тоа значи дека би ги пропуштил квалификациите за Светско првенство 2022 година, но нема да може да настапи ниту на Копа Америка која следната година ќе се игра во Аргентина и Колумбија.