Меси: Не мора да учествуваме во оваа корупција

Аргентина е трета сила на Копа Америка по вчерашниот триумф над Чиле во мечот за бронзениот медал. Во битката за третото место, најголем впечаток остави турканицата меѓу Меси и Медел по која и двајцата зараотија црвени картони по 37 минути игра.

Капитенот на Гаучосите пред да биде исклучен од игра асистираше за првиот гол на Агуеро, а по мечот не ги задржа коментарите за себе. Меси смета намерно бил исклучен од натпреварот поради неговите претходни изјави во врска со конфедерацијата на Јужна Америка. По натпреварот, Меси не се појави на доделувањето на наградите, остана во соблекувалната.

„Можеби поради она што го кажав пред неколку дена е причина што судијата покажа црвен, а не жолт картон. Судијата можеше да провери што навистина се случи, но тој одлучи да не употреби ВАР. Не мора да сме дел од оваа корупција, цело натпреварување никој не покажа репскет кон нас. Мислам дека сме оштетени, намерно не ни дозволија да играме во финале, а судиите не им дозволија на луѓето да уживаат во убав фудбал. Сепак, и покрај непреведностите заминуваме со кренати глави. За мене е важно што Аргентина го заврши натпреварувањето на добар начин“, истакна Меси по мечот.

Пред неколку дена Меси не бираше зборови и по поразот од Бразил во полуфиналето. Тогаш истакна дека судиите намерно не користеа ВАР и не доделија два пенали за Аргентина, додека ја користеа технологијата за секоја ситница во корист на Кариоките.

- Оглас -

Најнови вести