Луд старт имаше трката за Гран-При Италија во Мугело, со пад на тројца познати асови, Маркес, Бањаја и Морбидели, а финишот му припадна на Фабио Квартараро, кој прв мина низ целта.
https://twitter.com/MotoGP/status/1398955646196891650?s=20
Квартараро ја искористи ситуацијата, особено по падот на Бањаја, кој беше лидер, но загуби контрола над моторот и излета од патеката, па потоа и се откажа.
Втор низ целта мина Португалецот Мигел Оливеира, а место на подиумот имаше и за Шпанецот Жоан Мир. На крајот сепак имаше смена на позициите, поради казна за Оливеира, па тој е трет, а Мир е на второто место.
Во финишот падна и Алекс Ринс во трка што имаше невообиачен тек, со проблеми за покерот асови. За Квартараро ова е шестта победа во Мото ГП во кариерата и трета оваа сезона.