Луѓето околу Винисиус го советуваат да си оди од Шпанија и да се пресели во Премиер лигата

Шпанците не сакаат главен играч во лигата да им биде црнец, обвинуваат од Реал Мадрид и некои луѓе блиски до Винисиус, а доказ за тоа се постојаните навреди и напади врз Бразилецот, кој сакаше да го напушти теренот за време на мечот со Валенсија, на кој подоцна доби и црвен картон откако не ги контролираше емоциите и влезе во физички дуел со противнички играч.

Скандалот одекна силно, поддршка за Винисиус доаѓа од многу страни, а сега се зборува дека Вини дури и размислува за заминување од Реал и Шпанија. Агентот на крилото и други лица со коишто е близок го советувале да се пресели и да премине во клуб од Премиер лигата, каде што не би имал проблеми со расизмот.

Винисиус е убедливо најфаулиран играч во Ла Лига, а речиси и да нема меч на кој не добива жолт картон, особено на гостувањата. Тој има проблеми само кога гостува некаде во Шпанија, а не и во другите земји.

Винисиус има долгорочен договор со Кралскиот клуб, самиот тој не сака да си оди и планира да се бори против расизмот во Шпанија, а денеска имаше и средба со претседателот на Реал, Флорентино Перес, на која веројатно му било кажано дека клубот целосно стои зад него и дека планираат да им биде главен играч во годините кои доаѓаат.

- Оглас -

Најнови вести