Луѓето што работат за Роналдо потпишуваат „договор за смрт“, мора да молчат дури 70 години по неговата смрт

Португалецот Кристијано Роналдо веќе со години е меѓу најплатените спортисти на светот, а со потписот за Ал Наср кој ќе му донесе 500 милиони долари во следните две и пол години, дополнително ќе го зголеми неговото богатство и ќе ужива во луксузен живот.

Роналдо се навикна на живот на висока нога што повеќе не може да се замисли да живее без помошта на персоналот кој што работи за него. Тој одлично ги плаќа сите што работат за него, но пред да влезат во неговиот дом, мора да потпишат „договор за смрт“, како го нарекуваат новинарите на „Мундо Депортиво“.

Просечната плата на готвачите, собарките, батлерите изнесува околу 5.000 евра месечно, но при влез во неговиот дом мора да потпишат договор со кој се обврзуваат дека нема да откриваат никакви тајни дури 70 години по смртта на фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести