Фудбалерите на ПСЖ втора година по ред ќе играат во полуфиналето од Лигата на шампионите откако со вкупни 5-4 ја елиминираа Астон вила. Сепак, патот на Светците можеше да се искомплицира, со оглед на тоа дека домашните на „Вила парк“ направија пресврт од 0-2 на 3-2 и им требаше само гол за да се изборат за продолженија и евентуално пенали.
„Едноставно е, не смееме да заборавиме дека играме во Лигата на шампионите и дека и нашиот противник е квалитетен. Астон вила покажа висок интензитет. Севкупно, по двата натпревари, заслуживме да минеме понатаму. Втора година по ред сме во полуфиналето, а сега целта е да стигнеме до крајот. Мислам дека го имаме најдобриот тим во светот, не само најдобриот голман. Во клуб како ПСЖ нормално е да има многу големи играчи. При наше водство од 2-0, противникот веќе немаше што да загуби. Тие го загубија првиот натпревар и имаа негатива на полувремето од вториот. Атмосферата на стадионот беше одлична и им помогна на фудбалерите на Астон вила да се вратат резултатски“, вели Луис Енрике по пласманот на ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Светците за противник во полуфиналето ќе го имаат поуспешниот од двобојот на Реал Мадрид и Арсенал.