ПСЖ како голем фаворит влегува во двомечот против Астон вила во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Многумина ги гледаат Светците веќе во полуфиналето, но Луис Енрике вели овие натпревари ќе бидат подеднакво тешки и за двете екипи, а посебно се осврна и на Марко Асенсио, кој сега настапува за екипата од Бирмингам како позајмен токму од ПСЖ.
„Воопшто не сум загрижен. Напротив, среќен сум што Асенсио ќе игра. Тој имаше мала минутажа кај нас, но сега има можност да игра во Бирмингам. Добро е што игра. Имаме многу спомени со него од репрезентацијата. Беше во мојата екипа на Светското првенство. Тој е многу важен за мене, и во минатото и во есенскиот дел од оваа сезона. Натпреварот ќе биде отворен и подеднакво тежок и за двете екипи. Лигата на шампионите не ви дозволува да се опуштите. Не може да се пласирате во полуфиналето ако не сте на повисоко ниво од противникот од првиот до последниот момент. Контролирањето на емоциите ќе биде клучно. Ќе ги користиме срцето и нозете, но мора да имаме и позитивна енергија. Најдоброто од ПСЖ допрва доаѓа“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, пред мечот против Астон вила.