8.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Луис Енрике: Нема да биде лесно против Баер Леверкузен

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, вели дека тимот е подготвен за гостувањето во Германија против Баер Леверкузен во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Носителот на трофејот влезе во ова натпреварување со одлични две победи, вклучувајќи триумф над Барселона.

„Нашата програма е многу напорна, а следниот натпревар ќе биде добар тест за двата тима. Среќни сме што ги добивме претходните два меча, но сега ситуацијата ќе биде поинаква“, изјави Енрике.

Добра вест за тренерот на ПСЖ е враќањето на капитенот Маркињос и на Осман Дембеле.

„Среќни сме што ни се враќа Осман Дембеле, не зборуваме за Златната топка, туку за фудбалерот што е дел од нашиот тим. Тој е истата личност. Многу сме среќни што можеме да сметаме на двајцата, а од минатата недела се врати и Дезире Дуе“, додаде Луис Енрике.

Тренерот на ПСЖ предупреди и за квалитетите на Баер Леверкузен.


„Тешко е да се предвиди нивниот стил, тие доведоа 20-мина нови играчи и нов тренер. Имаат добри напаѓачи и можат да се бранат ниско, знаат како да притискаат. Можат да направат сè и мораме да се справиме на вистински начин“, истакна предводникот на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести