Луис Енрике одеднаш си замина, нема да ја води Шпанија во Малта

Шпанската фудбалска федерација објави информација дека селекторот Луис Енрике нема да биде вечерва на клупата на „црвената фурија“ на мечот со Малта од квалификациите за Европското првенство 2020 бидејќи од приватни причини морал итно да се врати дома. Не е објавено дали станува збор за ненадеен смртен случај или нешто друго бидејќи ќе се почитува приватноста на селекторот.

Шпанците ќе ги води Роберт Морено, 41-годишниот помошник на Енрике. Морено е десна рака на селекторот, му помагаше на Енрике и во Барса Б, Рома, Селта и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести