Луис Енрике: „Одигравме совршен натпревар!“

ПСЖ на убедлив начин дојде до пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство. Освојувачот на Лигата на шампионите со 4-0 славеше над Интер Мајами, а сега ги очекува дуел против Баерн Минхен за влез во најдобрата четворка.

„Се чувствувам прекрасно. Одигравме совршен натпревар. Создадовме многу шанси. Во првото полувреме игравме со висок интензитет, а во второто го намаливме темпото, што е нормално. Не можам да не бидам задоволен од тоа што го покажавме. Мило ми е што Усман Дембеле се врати. Момците имаат менталитет да продолжиме напред. Секако, има и работи кои треба да ги подобриме.“ – рече тренерот на „светците“, Луис Енрике, по победата над Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести