Луис Енрике потпишал нов договор со Пари Сен Жермен, кој ќе го задржи во клубот до јуни 2027 година, откриваат француските медиуми „Ле Паризиен“ и „Л’Екип“. Неговиот претходен договор истекуваше во летото 2025 година, а новиот го продолжува неговиот престој уште за две години.
Француските медиуми наведуваат дека планот на Енрике е долгорочен, со цел да изгради тим кој ќе одговара на неговите фудбалски гледишта. Раководството на ПСЖ е задоволно од насоката во која тимот се развива под негово водство.
Луис Енрике пристигна во ПСЖ во летото 2023 година и во првата сезона освои домашна тројна круна, а тимот стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што беше елиминиран од Борусија Дортмунд.
Се очекува клубот наскоро официјално да ја потврди веста за новиот договор на Луис Енрике.