ПСЖ со лесни 3-0 славеше над Римс и го освои Купот на Франција, што за нив е трет трофеј оваа сезона, а можат да дојдат и до четвртиот доколку ја освојат и Лигата на шампионите следниот викенд.
Тренерот на „светците“, Луис Енрике, секако дека е задоволен и од резултатот и од своениот трофеј и најави дека ова е одлична подоготвка за она што ги чека против Интер во финалето од Лигата на шампионите.
„Ова беше одличен натпревар. Се подготвуваме за финалето на 31-ви на најдобар можен начин. Сакаме да создадеме историја. Ние сме подготвени. Ние сме вистинската екипа и сакаме да освојуваме трофеи. Финалето на Лигата на шампионите ќе биде посебен момент за сите нас. Ќе мора да се справиме со голем притисок, но да се подготвиме за тоа на најдобар можен начин. Ние сме млада екипа, но со искуство и желба да знаеме што сакаме на теренот. Освоивме три од можните четири титули, сега сме на последното скалило и за четвртата. Се надевам дека ќе испишеме историја.“ – рече Луис Енрике после триумфот над Римс.